Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции на котирани друштва на 12.05.2006
понеделник, 15 мај 2006
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 12.05.2006 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 571 сопствени обични акции по цена од 42 денари за една акција, преку 4 трансакции;
На 12.05.2006 година Охридска банка АД Охрид изврши откуп на 3.911 сопствени обични акции по цена од 6.950 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.05.2006 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Скопски Пазар АД Скопје – 200 обични акции.