На седницата одржана на 09.03.2020 година Одборот на директори на Македонска берза АД Скопје донесе одлука за изрекување на мерката јавна опомена преку интернет страницата на Берзата на РЖ Институт АД Скопје и ЗК Пелагонија АД Битола, друштва котирани на Официјалниот пазар на подсегментот Берзанска котација, поради тоа што не објавија известување дека неревидираните финансиски извештаи за периодот 01.01.-31.12.2019 година наместо најдоцна до 02.03.2020 година ќе ги објават најдоцна до 16.03.2020 година, со што не постапија во согласност со член 40 став 3 алинеја 2 од Правилата за котација.
Јавна опомена за котираните друштва РЖ Институт АД Скопје и ЗК Пелагонија АД Битола
среда, 15 април 2020