Комисијата определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови (РМ01), Обврзниците за денационализација-Прва емисија (РМДЕН01), Обврзниците за денационализација-Втора емисија (РМДЕН02), Обврзниците за денационализација-Трета емисија (РМДЕН03), Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (РМДЕН04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (РМДЕН05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (РМДЕН06), Обврзниците за денационализација-Седма емисија (РМДЕН07) и Обврзниците за денационализација-Осма емисија (РМДЕН08).
Согласно Методологијата, според учеството на секоја обврзница-елемент на индексот во вкупното тргување со обврзници во периодот помеѓу две ревизии (16.01.2009-15.04.2009), Комисијата го утврди влијанието на секој елемент на ОМБ врз движењето на индексот, при што влијанието на ниту еден елемент не смее да надминува 30%.
Имајќи предвид дека тргувањето со новоиздадената Осма емисија на обврзници за денационализација има доминантно учество во тргувањето со обврзници на Македонската берза, при што од денот на котација (09.04.2009) до денот на ревизија на ОМБ оствари промет кој го надмина износот на прометот на останатите обврзници во изминатиот квартал, а со цел индексот ОМБ реално да ги прикажува движењата на цените на обврзниците на Македонската берза, Комисијата за берзански индекс одлучи Осмата емисија на обврзници за денационализација да биде вклучена во индексот ОМБ.
Следната редовна ревизија на ОМБ ќе се изврши на 15.07.2009 година.