Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс на 15.04.2008 година изврши редовна ревизија на ОМБ.
Комисијата установи дека следните обврзници и понатаму ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови (РМ01), Обврзниците за денационализација-Прва емисија (РМДЕН01), Обврзниците за денационализација-Втора емисија (РМДЕН02), Обврзниците за денационализација-Трета емисија (РМДЕН03), Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (РМДЕН04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (РМДЕН05) и Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (РМДЕН06).
Согласно Методологијата, според учеството на секоја обврзница-елемент на индексот во вкупното тргување со обврзници во периодот помеѓу две ревизии (16.01.2008-15.04.2008), Комисијата го утврди влијанието на секој елемент на ОМБ врз движењето на индексот, при што влијанието на ниту еден елемент не смее да надминува 30%.
Следната редовна ревизија на ОМБ ќе се изврши на 15.07.2008 година.