Известување во врска со тргувањето со акциите издадени од Жито Струмица АД Струмица
петок, 15 април 2005
На 14.04.2005 година Комисијата за хартии од вредност донесе Решение бр.07-232/54 со кое му издава дозвола на Иво експорт-импорт ДООЕЛ Струмица за давање понуда за откуп на акциите издадени од Жито Струмица АД Струмица.
Согласно Решенијата на Комисијата за хартии од вредност бр.08-232/32 од 24.03.2005 година и бр.07-232/54 од 14.04.2005 година, односно наложените задолженија за Македонската берза од страна на Комисијата за хартии од вредност, ве известуваме дека од 18.04.2005 година ќе може редовно да се тргува со акциите издадени од Жито Струмица АД Струмица преку БЕСТ системот на Македонската берза АД Скопје.
Со оглед на тоа што согласно точка 3.49 а) од Процедурите за тргување блок трансакцијата е дефинирана како: „трансакција со хартии од вредност помеѓу најмногу 30 (триесет) продавачи и купувачи, која се склучува со посредство на една или повеќе членки на Берзата вон БЕСТ системот“, ваквото задолжување од Комисијата за хартии од вредност значи дека со акциите издадени од Жито Струмица АД Струмица од 18.04.2005 година нема да можат да се склучуваат блок трансакции.