Известување од Стопанска банка АД Битола
петок, 15 април 2005
Стопанска банка АД Битола известува дека издаде 11 емисија на акции, која заврши пред рокот, со 100% реализација. Запишани се 14.000 обични акции по 3.000 денари, во вкупна вредност од 42.000.000 денари. Зголемувањето на основната главнина е запишано во трговскиот регистар на Основниот суд во Битола и е евидентирано во Централниот депозитар за хартии од вредност.