Исклучени од котација акциите на Декортекс АД Радовиш
петок, 15 април 2005
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 14.04.2005 година донесе Одлука за исклучување од котација на акциите на Декортекс АД Радовиш, поради тоа што врз друштвото е отворена стечајна постапка.
Акциите на Декортекс АД Радовиш се исклучуваат од котација на Официјалниот пазар на Македонската берза на 18.04.2005 година.