Ревидиран извештај за 2003 година на Адинг АД Скопје
четврток, 15 април 2004
Адинг АД Скопје до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварила добивка во износ од 20.439.000 денари. Вкупната актива на Адинг АД Скопје на 31.12.2003 година изнесува 377.471.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 144.031.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Адинг АД Скопје може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.