Акциите на четири друштва исклучени од котација
четврток, 15 април 2004
Одборот на директори на Македонската Берза на седницата одржана на 15.04.2004 година, согласно член 13.12 и член 13.13 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Македонската Берза, донесе Одлуки за исклучување од котација на акциите на:
- Црвена Ѕвезда АД Пехчево,
- АГД Илинден Скопје,
- Нико Доага АД Крушево и
- РЖ Валавница за ленти АД Скопје.
Акциите на овие друштва ќе бидат исклучени од котација од 16.04.2004 година. Од 19.04.2004 година со акциите на Црвена Ѕвезда АД Пехчево, АГД Илинден Скопје, Нико Доага АД Крушево и РЖ Валавница за ленти АД Скопје ќе може да се тргува на неофицијалниот пазар на Берзата.