КАКО ДА СЕ ФИНАНСИРААТ ФАЗИТЕ НА РАЗВОЈ НА
МАЛИТЕ КОМПАНИИ И СТАРТАП БИЗНИСИ
Обука во организација на Македонска Берза и ЊуМенс Бизнис Акцелераторот
На 21 и 22 март ќе се одржи обуката “Како до свежи пари?” во организација на Македонска Берза и ЊуМенс Бизнис Акцелераторот која ќе им даде одговор на многу претприемачи и основачи на стартап компании, како и менаџери во мали, средни и големи компании, финансиски и инвестициски советници кој е најдобриот начин за да го финансираат работењето на својата компанија во зависност од фазата на развој и целите и можностите на компанијата.
Со оваа обука Акцелераторот и Македонската Берза сакаат да придонесат кон стекнување стручно знаење во овие напредни финансиски области и од страна на млади претприемачи кои влегуваат во светот на бизнисот пред се со своите иновативни технички идеи и вештини, а не секогаш имаат соодветна деловна едукација и претходно искуство.
Тие ќе имаат можност да стекнат и да ги продлабочат своите знаења за факторите кои влијаат на изборот на начинот на финансирање, како и карактеристиките на различните начини на финансирање и тоа пред се на кредитите, но и на алтернативните извори на финансирање како: емисија на хартии од вредност, ризико капитал, бизнис ангели, crowdfunding и peer2peer финансирање. Дополнително учесниците ќе научат и како да пристапат до различните институции и опции за финансирање и да ги добијат најдобрите услови.
Сите заинтересирани можат да ја погледнат агендата за обуката и да се пријават на следниот линк: http://bit.ly/kakodosvezipari најдоцна до 20 март 2017 година. Цената е само 3000 денари, а за студенти следи 20% попуст.