Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 14.03.2005 година
вторник, 15 март 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 14.03.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 2.990 сопствени обични акции, и тоа:
o 17 акции по цена од 3.497 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 293 акции по цена од 3.498 денари за една акција, преку 2 трансакции;
o 50 акции по цена од 3.499 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 2.098 акции по цена од 3.500 денари за една акција, преку 20 трансакции;
o 92 акции по цена од 3.522 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 100 акции по цена од 3.578 денари за една акција, преку 1 трансакција;
o 340 акции по цена од 3.589 денари за една акција, преку 2 трансакции.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 14.03.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Комерцијална банка АД Скопје - 103 обични акции, 109 приоритетни акции;
- Стопанска банка АД Битола - 98 обични акции, 286 приоритетни акции;
- Тетовска банка АД Тетово - 2 приоритетни кумулативни акции;
- Тутунски комбинат АД Прилеп - 10 обични акции.