На 15.12.2009 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИ10 и на индексот МБИД.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИ10, Комисијата за берзански индекс констатираше дека елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макстил АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Бетон АД Скопје, Реплек АД Скопје и ЗК Пелагонија АД Битола. Следната редовна ревизија на МБИ10 е на 15.06.2010 година.
Согласно Методологијата за пресметување на индексот МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следните акционерски друштва: Тутунска банка АД Скопје, Македонски телеком АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, Стопанска банка АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Прилепска пиварница АД Прилеп, ОКТА АД Скопје, Раде Кончар АД Скопје и Адинг АД Скопје.
Десетте избрани акции – елементи на МБИД сочинуваат над 93% од вкупниот промет на Пазарот на акционерски друштва со посебни обврски за известување во изминатиот квартал.
Следната редовна ревизија на МБИД е на 15.03.2010 година.
Редовна ревизија на МБИ10 и МБИД
вторник, 15 декември 2009