На 15.12.2008 година Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексот МБИ10 и на индексот МБИД.
Согласно Методологијата за пресметување на МБИ10, Комисијата за берзански индекс констатираше дека елементи на индексот МБИ10 остануваат обичните акции издадени од: Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макстил АД Скопје, Стопанска банка АД Битола, Макпетрол АД Скопје, Топлификација АД Скопје, Бетон АД Скопје, Охридска Банка АД Охрид и ЗК Пелагонија АД Битола.
Следната редовна ревизија на МБИ10 е на 15.06.2009 година.
Следната редовна ревизија на МБИ10 е на 15.06.2009 година.
Согласно Методологијата за пресметување на индекс на јавно поседувани друштва - МБИД, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на МБИД ќе бидат обичните акции издадени од следните акционерски друштва: Тутунска Банка АД Скопје, Македонски телеком АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ХРМ) АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, Фабрика за цевки 11 Октомври АД Куманово, ПОЛИ МЗТ АД Скопје, Арцелормиттал Скопје (ЦРМ) АД Скопје, Попова Кула АД Демир Капија, ОКТА АД Скопје, Кјуби Македонија АД Скопје и Раде Кончар-Апаратна техника АД Скопје.
Единаесетте избрани акции-елементи на МБИД сочинуваат околу 57% од вкупниот промет на Пазарот на јавно поседувани друштва во изминатиот квартал (имајќи предвид дека во овој период кај неколку помалку активни акции беше остварен голем промет во само неколку денови на тргување).
Следната редовна ревизија на МБИД е на 15.03.2009 година.