Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 14.12.2004 година
среда, 15 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 14.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
-Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 35 сопствени обични акции, по цена од 1.870 денари за една акција, преку 2 трансакции.
-Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 14 сопствени обични акции, по цена од 12.300 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 14.12.2004 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Економика АД Скопје – 31 обични акции;
-РЖ Институт АД Скопје – 8 обични акции;
-РЖ Техничка Контрола АД Скопје - 13 обични акции;
-РЖ Услуги АД Скопје – 265 обични акции;
-РЖ Интер Трансшпед АД Скопје – 32 обични акции;
-Макстил АД Скопје – 721 обични акции;
-Гранит АД Скопје – 217 обични акции.