Организирање јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции
четврток, 15 ноември 2007
Ве известуваме дека на 19.11.2007 година (Понеделник) по пат на јавна берзанска аукција на акции при продажба на големи пакети на акции (согласно Анекс 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје), ќе се понуди за продажба пакет од 6.458 акции издадени од ТТК Банка АД Скопје што претставува 0,71% од основната главнина на друштвото, со почетна продажна цена од 6.241 денар по акција преку моделот “се или ништо“.
Внесот на куповните цени ќе се одвива на начин регулиран со Анексот 4 од Правилата за тргување на Македонска берза АД Скопје и ќе започне во 12:30 часот по следниот временски распоред:
ШИФРА НАЗИВ НА ДРУШТВОТО
ТТКА4С ТТК Банка АД Скопје
12:30 – 12:35 фаза на индикација на интерес
12:35 – 13:30 фаза на наддавање