Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 14.11.2005
вторник, 15 ноември 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 14.11.2005 година РЖ Услуги АД Скопје изврши откуп на 5.955 сопствени обични акции, по цена од 42 денари за една акција, преку 31 трансакција;
На 14.11.2005 година Охридска банка АД Охрид изврши откуп на 1.387 сопствени обични акции, по цена од 5.000 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 14.11.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Макпетрол АД Скопје – 20 обични акции.