Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс на 15.10.2010 година изврши редовна ревизија на ОМБ.
Комисијата определи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за денационализација-Прва емисија (RMDEN01) Обврзниците за денационализација-Втора емисија (RMDEN02), Обврзниците за денационализација-Трета емисија (RMDEN03), Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (RMDEN04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (RMDEN05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (RMDEN06), Обврзниците за денационализација-Седма емисија (RMDEN07), Обврзниците за денационализација-Осма емисија (RMDEN08) и Обврзниците за денационализација-Деветта емисија (RMDEN09).
Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската берза - ОМБ, имајќи ги предвид критерумите за вклучување на обврзници во индексот, Комисијата за берзански индекс ги исклучи Обврзниците за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови, издадени од Република Македонија (со шифра на тргување RM01), бидејќи обврзниците не го исполнуваат критериумот за рочност, односно рокот на достасување на обврзниците е пократок од една година.
Според учеството на секоја обврзница-елемент на индексот во вкупното тргување со обврзници во периодот помеѓу две ревизии (16.07.2010-15.10.2010), Комисијата го утврди влијанието на секој елемент на ОМБ врз движењето на индексот, при што влијанието на ниту еден елемент не смее да надминува 30%.
Следната редовна ревизија на ОМБ ќе се изврши на 15.01.2011 година.