Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската Берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс на 15.10.2008 година изврши редовна ревизија на ОМБ.
Комисијата установи дека следните обврзници ќе бидат елементи на ОМБ: Обврзниците за намирување на побарувањата на граѓаните по основ на депонираните девизни влогови (РМ01), Обврзниците за денационализација-Прва емисија (РМДЕН01), Обврзниците за денационализација-Втора емисија (РМДЕН02), Обврзниците за денационализација-Трета емисија (РМДЕН03), Обврзниците за денационализација-Четврта емисија (РМДЕН04), Обврзниците за денационализација-Петта емисија (РМДЕН05), Обврзниците за денационализација-Шеста емисија (РМДЕН06) и Обврзниците за денационализација-Седма емисија (РМДЕН07).
Согласно Методологијата, според учеството на секоја обврзница-елемент на индексот во вкупното тргување со обврзници во периодот помеѓу две ревизии (16.07.2008-15.10.2008), Комисијата го утврди влијанието на секој елемент на ОМБ врз движењето на индексот, при што влијанието на ниту еден елемент не смее да надминува 30%.
Следната редовна ревизија на ОМБ ќе се изврши на 15.01.2009 година.
Следната редовна ревизија на ОМБ ќе се изврши на 15.01.2009 година.