Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 14.10.2004 година
петок, 15 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 14.10.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.320 сопствени обични акции, по цена од 90 денари за една акција, преку 4 трансакции;
- Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 100 сопствени обични акции, по цена од 1.000 денари за една акција, преку 1 трансакција.