Исклучување од котација на акциите издадени од Карбо Нова АД Крива Паланка и Агроплод АД Ресен
петок, 15 јануари 2021

Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 14.01.2021 година донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Карбо Нова АД Крива Паланка, поради стечај на друштвото. Акциите издадени од Карбо Нова АД Крива Паланка ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од 18.01.2021 година (Понеделник).
 
Одборот на директори на Македонската берза на истата седницата донесе одлука за исклучување од котација на акциите издадени од Агроплод АД Ресен поради извршена трансформација на друштвото во ДООЕЛ. Акциите издадени од Агроплод АД Ресен ќе бидат исклучени од котација на Официјалниот пазар на Берзата (Задолжителна котација), почнувајќи од 18.01.2021 година (Понеделник).