Вонредна ревизија на МБИД индексот
вторник, 15 јануари 2008
Имајќи ја предвид слабата ликвидност на акциите издадени од Фабрика за кабли АД Неготино, кои се елементи на Индексот на јавно поседувани друштва-МБИД, и состојбата со малата пазарната длабочина и големиот распон помеѓу најдобрата куповна и најдобрата продажна цена кај оваа хартија од вредност во подолг временски период, Комисијата за берзански индекс на 15.01.2008 година изврши вонредна ревизија на Индексот на јавно поседувани друштва-МБИД на која заклучи акциите издадени од Фабрика за кабли АД Неготино да се исклучат од Индексот на јавно поседувани друштва - МБИД.