Измени во начинот на пресметка на МПК за одредени издавачи
петок, 14 септември 2007
По извршените анализи на примената на Одлуката за утврдување на ценовни ограничувања при тргувањето со хартии од вредност на Македонската берза АД Скопје и согледувањето на нејзиното влијание врз тргувањето со одредени хартии од вредност, направени се измени во начинот на пресметувањето на минималната потребна количина на истргувани хартии од вредност. Овие измени се однесуваат на издавачите кои имаат издадено над 10.000.000 хартии од вредност од одреден род и се направени со цел да се намали влијанието на вкупниот број издадени хартии од вредност врз висината на МПК. Овие измени ќе започнат да се применуваат од 17.09.2007 година (Понеделник).