Ревидиран извештај за 2003 година на Жито Струмица АД Струмица
вторник, 14 септември 2004
Жито Струмица АД Струмица до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 10.715.000 денари. Вкупната актива на Жито Струмица АД Струмица на 31.12.2003 година изнесува 335.213.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 81.486.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Жито Струмица АД Струмица може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.