Ревидиран извештај за 2003 година на Благој Ѓорев АД Велес
вторник, 14 септември 2004
Благој Ѓорев АД Велес до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 1.631.000 денари. Вкупната актива на Благој Ѓорев АД Велес на 31.12.2003 година изнесува 1.031.330.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 392.903.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Благој Ѓорев АД Велес може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.