Се повлекува Известувањето од 11.08.2008 година со кое беше известено за објавувањето на блок трансакцијата со 4.631 обична акција издадена од издавачот Доматти АД Свети Николе, согласно донесена Одлука на Одборот на директори на Македонската берза на седницата одржана на 14.08.2008 година за времено отстранување на наведената блок трансакција, а поради доставено барање од Комисијата за хартии од вредност со кое од Берзата е побарано веднаш по приемот на барањето да ја отстрани од БЕСТ системот наведената блок трансакција до понатамошно известување од Комисијата за хартии од вредност, а заради преземни контролни активности од страна на КХВ во врска со блок трансакцијата.
Повлечено Известување од 11.08.2008 година во врска со блок трансакцијата со акциите на Доматти АД Свети Николе
четврток, 14 август 2008