Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 13.07.2005
четврток, 14 јули 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 13.07.2005 година следните котирани друштва изврши откуп на сопствени акции:
-Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 70 сопствени обични акции по цена од 4.502 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 13.07.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-ЕМО АД Охрид – 64 обични акции;
-Тутунски комбинат АД Прилеп - 132 обични акции;