Ревидиран извештај за 2003 година на Фабрика за кабли Неготино АД Неготино
понеделник, 14 јуни 2004
Фабрика за кабли Неготино АД Неготино до Македонската Берза го достави ревидираниот финансиски извештај за 2003 година. Друштвото за 2003 година остварило добивка во износ од 16.869.000 денари. Вкупната актива на Фабрика за кабли Неготино АД Неготино на 31.12.2003 година изнесува 830.988.000 денари, додека вкупните обврски изнесуваат 841.790.000 денари.
Доставениот ревидиран финансиски извештај на Фабрика за кабли Неготино АД Неготино може да се најде на веб-страницата на Македонската Берза, во делот Друштва и пазари.