Котација на Единаесеттата емисија на обврзници за денационализација
понеделник, 14 мај 2012

На седницата одржана на 14.05.2012 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлука за котација на Единаесетта емисија на обврзници за денационализација.

Единаеста емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
- Вид на хартијата од вредност: Единаеста емисија на обврзници за денационализација, издадена во дематеријализирана форма, гласи на име и е неограничено пренослива;
- Издавач: Република Македонија;
- Вкупен износ на емисијата: 10.000.000 евра;
- Номинална вредност на една обврзница: 1,00 евро;
- Број на издадени обврзници во емисијата: 10.000.000;
- Датум на издавање: 14.05.2012 година;
- Каматна стапка: 2% годишно, на остатокот на расположивата главнина за отплата. Каматата се пресметува од 14.05.2012 година;
- Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2022 година;
- Начин на отплата: Каматата и главнината се исплатува еднаш годишно, на 01.06., во период од 10 години, започнувајќи од 01.06.2013 година;
- Почеток на тргување со обврзниците: 16.05.2012 година, на Официјалниот пазар на Македонската берза;
- ИСИН: MKMINF200DB6;
- Шифра за тргување на Берзата: RMDEN11;
- Распоред на тргување: Континуирано тргување.