Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 11.05.2007
понеделник, 14 мај 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 11.05.2007 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 27 сопствени обични акции по цена од 6.850 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 11.05.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-РЖ Институт АД Скопје – 7 обични акции,
-РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 29 обични акции,
-РЖ Економика АД Скопје – 27 обични акции,
-Макстил АД Скопје – 637 обични акции,
-ВВ Тиквеш АД Скопје – 114 обични акции.