Меморандум за соработка
среда, 14 мај 2003
Во рамките на билатералната соработка, денес во Загреб, Македонската берза АД Скопје и Загребачката берза потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа Извршниот директор на Македонската берза АД Скопје, Д-р Евгени Зографски и Извршниот директор на Загребачката берза,
г-дин Маринко Папуга. Со Меморандумот се предвидува продлабочување на соработката помеѓу двете берзи и размена на информации, како прва фаза од взаемното билатерално поврзување.