Котација на две нови државни обврзници
вторник, 14 март 2006
На седницата одржана на 14.03.2006 година Одборот на директори на Македонската Берза донесе одлуки за котација на Петтата емисија на обврзници за денационализација и на Државните обврзници за покривање на загубата на Народна банка на Република Македонија, издадени од Република Македонија.
Петтата емисија на обврзници за денационализација е со следните карактеристики:
-Вид на хартијата од вредност: Петта емисија на обврзници за денационализација, издадени во дематеријализирана форма, кои гласат на име, во евро валута и се неограничено преносливи;
-Издавач: Република Македонија;
-Вкупен износ на емисијата: 34.000.000 евра;
-Номинална вредност на една обврзница: 1 евро;
-Број на издадени обврзници во емисијата: 34.000.000;
-Датум на издавање: 13.03.2006 година;
-Каматна стапка: 2% годишно. Каматата се пресметува од 13.03.2006 година;
-Рок на достасување на обврзниците: 01.06.2016 година;
-Начин на отплата: Главнината и каматата се отплатуваат во 10 годишни рати на 1 јуни, започнувајќи од 01.06.2007 година;
-Почеток на тргување со обврзниците: 16.03.2006 година, на Официјалниот пазар на Македонската Берза;
-ИСИН: MKMINF200D50;
-Шифра за тргување на Берзата: РМДЕН05.
Државните обврзници за покривање на загубата на Народна банка на Република Македонија се со следните карактеристики:
-Вид на хартијата од вредност: Државните обврзници за покривање на загубата на Народна банка на Република Македонија, издадени во дематеријализирана форма, кои гласат на име, во денари и се неограничено преносливи;
-Издавач: Република Македонија;
-Вкупен износ на емисијата: 716.000.000 денари;
-Номинална вредност на една обврзница: 10.000 денари;
-Број на издадени обврзници во емисијата: 71.600;
-Датум на издавање: 30.12.2005 година;
-Каматна стапка: 7,45% годишно. Каматата се пресметува од 30.12.2005 година;
-Рок на достасување на обврзниците: 30.12.2010 година;
-Начин на отплата: Каматата се отплатува во 5 годишни рати на 30 декември, започнувајќи од 30.12.2006 година. Номиналната вредност на обврзницата пристигнува за исплата на 30.12.2010 година;
-Почеток на тргување со обврзниците: 16.03.2006 година, на Официјалниот пазар на Македонската Берза;
-ИСИН: MKMINF20N016;
-Шифра за тргување на Берзата: РМНБМ01.