Известување од Тутунски комбинат АД Прилеп
понеделник, 14 март 2005
Тутунски комбинат АД Прилеп известува дека седницата на Собранието на Друштвото ќе се одржи на 30.03.2005 година (среда), во седиштето на друштвото на ул. „Марксова“ 101, Прилеп, во клубот на Универзалната сала, со почеток во 12 часот. За седницата на Собранието е утврден следниот Дневен ред:
1. Избор на работни тела на Собранието:
а) Верификациона комисија од три члена;
б) Еден бројач на гласови.
2. Донесување на одлука за измена на Статутот на Тутунски комбинат АД Прилеп;
3. Избор на претседавач со Собранието на акционери;
4. Одобрување на годишната сметка, на финансиските извештаи и на годишниот извештај за работата на друштвото во деловната 2004 година. (Известител: заменик генерален директор по економика и финансии и директор на План и анализа, управител на Тутун ДООЕЛ, управител на Цигари ДООЕЛ и претставник на Пелагониска ревизорска куќа);
5. Извештај за работењето на Управниот одбор и Надзорниот одбор во деловната 2004 година;
6. Избор на членови на Одборот на директори на друштвото;
7. Донесување на план за работа на Друштвото, Тутун ДООЕЛ и Цигари ДООЕЛ за деловната 2005 година. (Известител: директор на План и анализа);
8. Избор на овластен ревизор на годишните сметки и финансиските извештаи на Друштвото, Тутун ДООЕЛ и Цигари ДООЕЛ. (Известител: претседавач со Собранието на акционери).
Тутунски комбинат АД Прилеп известува и за планските предвидувања за 2005 година.
Во ДООЕЛ Тутун се планира склучување на околу 4.000 договори со очекуван откуп од 4.000 тони тутун. Инвестициите ќе се однесуваат на освежување на транспортните средства, земјоделската механизација и одржување на постоечката машинска опрема.
Во ДООЕЛ Цигари за 2005 година се планира производство на 2.500 тони цигари.