Суспендирана членка
петок, 14 декември 2007
Согласно добиеното Решение од Комисија за хартии од вредност на ден 13.12.2007 година со кое се забранува вршењето на сите услуги со хартии од вредност на Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје, членката Стопанска Банка АД Скопје е суспендирана од тргување со хартии од вредност на Македонска берза АД Скопје во времетраење од 30 работни дена, започнувајќи од денес, 14.12.2007 година. Воедно, согласно Решението од КХВ, Дирекцијата за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги на Стопанска банка АД Скопје ќе биде привремено исклучена од членство во периодот на траење на забраната.