Известување од Алкалоид АД Скопје
среда, 14 декември 2005
Алкалоид АД Скопје известува дека, откако пред точно три години успеа да ја продаде првата лиценца за лекот Кафетин, оваа година отпочнува соработка со Босанската фармацевтска компанија Фармавита на која ги продаде лиценците за локално производство на свои десет познати брендови.
Како компанија позната по производството на лекови со висок квалитет, применувајќи најсовремена производна технологија и деловни стандарди, Алкалоид , повторно под мотото “Здравјето пред се” го произведе caffetin cold, препарат за олеснување на симптомите при настинка и грип.