Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 13.12.2004 година
вторник, 14 декември 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 13.12.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 1.400 сопствени обични акции, по цена од 1.900 денари за една акција, преку 22 трансакции.
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 23 сопствени обични акции, по цена од 12.300 денари за една акција, преку 3 трансакции.
- Инвестбанка АД Скопје, преку 1 блок трансакција, изврши откуп на 2.038 сопствени обични акции, што претставува 0,94% од основната главнина, по цена од 2.670 денари за една акција, при што вкупната вредност на трансакцијата изнесуваше 5.441.460 денари.