Од 15 октомври 2013 година ќе започне со функционирање едукативниот портал на Македонската берза ВИРТУЕЛНА БЕРЗА. Порталот е наменет за сите оние кои сакаат да стекнат искуство при тргување со хартии од вредност и да бидат подготвени за вистинско тргување на Македонската берза.
Виртуелната берза претставува симулација на вистинското тргување на Македонската берза, бидејќи со виртуелни пари се купуваат, продаваат и вреднуваат вистински хартии од вредност што се тргуваат на Македонската берза. Секој регистриран учесник ќе добие на располагање 500.000 виртуелни денари со кои ќе може да купува и продава акции што се котирани на Официјалниот пазар на Македонската берза на подсегментите Супер котација, Берзанска котација и Задолжителна котација. Целта на секој учесник е да постигнете максимална вредност на портфолиото преку реализирање на купопродажни трансакции. Воедно, учесниците во играта имаат можност да го вреднуваат своето вистинско портфолио остварено од тргувањето на Македонската берза.
Тргувањето на Виртуелната берза на 15.10.2013 година ќе започне од 16:00 часот и во иднина ќе се одвива секој ден во неделата во периодот од 16:00 часот на тековниот ден на тргување до 09:00 часот на наредниот ден на тргување.
Овогодинешниот циклус на Виртуелната берза ќе трае од 15.10.2013 година до 30.06.2014 година, по што ќе следи прогласување на тројца најуспешни учесници коишто имаат остварено најголема вредност на своето портфолио. Македонската берза на добитниците на првите три места ќе им додели соодветни награди.
Од утре Виртуелна берза – едукативен портал на Македонската берза АД Скопје
понеделник, 14 октомври 2013