Одборот на директори на Македонската берза АД Скопје на својата седница одржана на 14.10.2008 година ги анализираше условите на пазарот на хартии од вредност и ги разгледуваше постигнатите ефекти од намалувањето на дневните ценовни ограничувања (статички лимит од ±5% и динамички лимит од ±1,5% кај хартиите од вредност во режим на континуирано тргување и статички лимит од ±10% кај хартиите од вредност во режим на фиксинг).
Во врска со тоа, Одборот на директори на Берзата донесе одлуки за престанок на важењето на Одлуката бр.02-2534/1 и Одлука бр.02-2535/1 од 08.10.2008 година, така што при тргувањето со хартии од вредност кои се тргуваат во режимот на континуирано тргување повторно ќе се применуваат дневни ценовни ограничувања од ±10% во однос на базната цена како статички лимит и ценовните ограничувања од ±3% во однос на моменталната референтна цена како динамички лимит. Воедно, кај хартиите од вредност кои се тргуваат во режим на фиксинг ќе нема ценовни ограничувања при тргувањето.
Донесените одлуки започнуваат да се применуваат од 15.10.2008 година.