Откуп на сопствени акции од котирани друштва на 13.10.2004 година
четврток, 14 октомври 2004
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 13.10.2004 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Гранит АД Скопје изврши откуп на 1.537 сопствени обични акции, по цена од 90 денари за една акција, преку 8 трансакции;
- Макпетрол АД Скопје изврши откуп на 22 сопствени обични акции, и тоа:
• 2 сопствени обични акции по цена од 12.250 денари за една акција, преку 1 трансакција;
• 20 сопствени обични акции по цена од 12.300 денари за една акција, преку 1 трансакција.