Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 13.01.2005 година
петок, 14 јануари 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 13.01.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Алкалоид АД Скопје изврши откуп на 300 сопствени обични акции, по цена од 2.020 денари за една акција, преку 5 трансакции;
- Тетекс АД Тетово изврши откуп на 82 сопствени обични акции, по цена од 310 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 13.01.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Агроплод АД Ресен – 18 обични акции;
- Макотекс АД Скопје - 10 обични акции;
- Градежен институт Македонија АД Скопје - 11 обични акции.