Понуда за откуп на обични акции издадени од Жито Прилеп АД Прилеп
понеделник, 13 септември 2004
На седницата одржана на 06.09.2004 година Комисијата за хартии од вредност донела Решение за издавање дозвола за понуда за откуп, со кое на лицето Ѓорѓија Атанасовски од Прилеп, застапуван од лицето Зоран Тодоровски од Прилеп, се издава дозвола за давање понуда за откуп на обичните акции издадени од Жито Прилеп АД Прилеп.
Понудата за откуп ја дава Брокерската куќа Еуроброкер АД Скопје, во име и за сметка на Ѓорѓија Атанасовски.
Според објавениот Проспект за откуп на обични акции издадени од Жито Прилеп АД Прилеп, понудата за откуп се однесува на 49.376 обични акции издадени од Жито Прилеп АД Прилеп. Откупот на акциите ќе се врши по цена од 920 денари за една обична акција. Датум на отпочнување на рокот за прифаќање на понудата е 09.09.2004 година, а датум на завршување на рокот за прифаќање на понудата е 08.10.2004 година.