Известување од Охридска банка АД Охрид
понеделник, 13 септември 2004
Охридска банка АД Охрид известува дека заклучно со 30.06.2004 година заврши реализацијата на седмата емисија на акции на Банката. Емисијата беше распишана на износ од 39.750.000 денари или 15.000 обични акции. Обемот на реализација на емисијата изнесува 37.272.250 денари или 14.065 обични акции, со степен на реализација од 93,77%. Со тоа, вкупниот број на издадени акции на Банката изнесува 254.549 акции, од кои 229.976 обични акции и 24.573 приоритетни акции.
Најголем акционер на Охридска банка АД Охрид и единствен со над 10% учество во вкупниот број на акции е Отекс АД Охрид, кој поседува 42.802 обични акции, што претставува 18,61% од вкупниот број на обични акции, или 16,81% од вкупно издадените акции на Банката.
Членови на Управниот одбор на Банката се:
- Наум Хаџи Лега – дипломиран економист;
- Ристо Биткоски – дипломиран економист, Генерален директор и Претседател на Управниот одбор на Отекс АД Охрид;
- Ратко Чадикоски – дипломиран економист, Заменик генерален директор на Пивара АД Скопје;
- Љубен Василески – дипломиран машински инженер, Генерален директор на Галеб АД Охрид;
- Кирил Илиевски – дипломиран инженер агроном, Извршен директор на Агроплод АД Ресен;
- Васо Ковачески – економист, Претседател на Бордот на директори на Виор ростфреи АД Охрид;
- Николина Белеска – дипломиран економист, Советник на работоводен орган на Охридска банка АД Охрид.