Известување од ГД Гранит АД Скопје
понеделник, 13 септември 2004
ГД Гранит АД Скопје ја достави Одлуката за откуп на сопствени акции, со следната содржина:
- Бројот на сопствени акции кои можат да се откупат од страна на Друштвото е до 289.360 акции;
- Минималната цена за откуп на акциите на берзата е 80,00 денари, а максималната цена е 100,00 денари;
- Рокот за откуп на сопствените акции (почетен и краен датум) од 01.02.2004 година до 31.12.2004 година;
- Се овластува Претседателот на Управниот одбор да изврши промена на цената утврдена со оваа одлука, во зависност од пазарната цена на акциите.