Ве известуваме дека врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје, Одборот на директори на Берзата донесе Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Еуростандард банка АД Скопје, согласно Решението број УП1 08-63 од 13.08.2020 година на Комисијата за хартии од вредност, со кое трајно се одзема дозволата за работа на членката Еуростандард банка АД Скопје. Одлуката за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Еуростандард банка АД Скопје се применува од 13.08.2020 година.
Одлука за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Еуростандард банка АД Скопје
четврток, 13 август 2020