Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
понеделник, 13 август 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 10.08.2007 година Гранит АД Скопје изврши откуп на:
- 4 сопствени обични акции по цена од 2.390 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 25 сопствени обични акции по цена од 2.393 денари за една акција, преку 1 трансакција;
- 800 сопствени обични акции по цена од 2.395 денари за една акција, преку 1 трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 10.08.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
-Гранит АД Скопје – 453 обични акции.