Нетрговски трансфери на акции од котирани друштва
четврток, 13 мај 2010
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.05.2010 година е извршен следниот нетрговски трансфер на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
 
-          Алкалоид АД Скопје – 493 обични акции,
-          Гранит АД Скопје - 150 обични акции,
-          Комерцијална банка АД Скопје – 50 обични акции,
-          Тетекс АД Тетово- 50 обични акции,
-          Македонијатурист АД Скопје – 20 обични акции,
-          Фершпед АД Скопје – 10 обични акции.