Собрание на акционери на ДГ Бетон АД Скопје
вторник, 13 мај 2003
Управниот Одбор на ДГ Бетон АД Скопје донесе предлог одлука за распоредување на добивката по Годишна сметка за 2002 година, која изнесува 24.613.207,00 денари да се распореди на следниот начин:
1.Дивиденда за ПИОМ- 734.098,00 денари
2.Резервен фонд – 3.691.981,00 денари
3.Резервен фонд за откуп на сопствени акции – 6.550.500,00 денари и
4.Нераспределена добивка – 13.636.628,00 денари.
Управниот одбор на ДГ Бетон АД Скопје предлага да не се исплатува дивиденда на акционерите за 2002 година.