Врз основа на член 19 од Правилата за членство на Македонска берза АД Скопје и согласно Решението бр.08-324/5 на Комисијата за хартии од вредност донесено на ден 30.03.2009 година со кое се одзема дозволата за работа на брокерската куќа Динев Брокер АД Скопје, поради настанување на прекин во работењето на брокерската куќа во временски период подолг од шест месеци, Одборот на директори на Берзата на својата седница одржана на ден 13.04.2009 година донесе Одлука бр.02-1115/1 за трајно исклучување од членство во Берзата на членката Динев Брокер АД Скопје, почнувајќи од ден 13.04.2009.
Трајно исклучување од членство во Берзата на членката Динев Брокер АД Скопје
понеделник, 13 април 2009