Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 12.04.2007
петок, 13 април 2007
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 12.04.2007 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 5 сопствени обични акции по цена од 17.780 денари за една акција, преку 1 трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.04.2007 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Економика АД Скопје – 20 обични акции,
- Охис АД Скопје – 125 обични акции,
- Макстил АД Скопје – 476 обични акции,
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 21 обични акции,
- РЖ Услуги АД Скопје – 175 обични акции,
- РЖ Институт АД Скопје – 5 обични акции,
- ВВ Тиквеш АД Скопје – 39 обични акции.