Откуп на сопствени акции и нетрговски трансфери на акции од котирани друштва на 12.04.2005 година
среда, 13 април 2005
Согласно точка 6.03. од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме дека на 12.04.2005 година следните котирани друштва извршија откуп на сопствени акции:
- Комерцијална банка АД Скопје изврши откуп на 10.070 сопствени обични акции, по цена од 1.900 денари за една акција, преку 1 блок трансакција.
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 12.04.2005 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- Гранит АД Скопје - 558 обични акции;
- Макпетрол АД Скопје - 7 обични акции.