Согласно точка 6.03 од Правилникот за котација на хартии од вредност на Берзата, а врз основа на податоците внесени во системот за тргување на Берзата, ве известуваме за следното:
На 11.03.2008 година Македонијатурист АД Скопје изврши откуп на 23 сопствени обични акции по цена од 7.950 денари за една акција, преку 1 трансакција;
На 11.03.2008 година Скопски Пазар АД Скопје изврши откуп на 115 сопствени обични акции по цена од 46.000 денари за една акција, преку 1 блок трансакција;
Согласно податоците добиени од Централниот депозитар за хартии од вредност, ве известуваме дека на 11.03.2008 година се извршени следните нетрговски трансфери на акции на котирани друштва (по основ на компензација, подарок или наследство):
- РЖ Институт АД Скопје – 4 oбични акции;
- РЖ Интер-Трансшпед АД Скопје – 14 oбични акции;
- РЖ Услуги АД Скопје – 115 oбични акции;
- Макстил АД Скопје- 312 oбични акции;
- РЖ Економика АД Скопје – 13 oбични акции.